Свет

ОВА Е НАЈОПАСНОТО ЕЗЕРО ВО СВЕТОТ: Се што доаѓа во допир со водата се претвора во камен (ФОТО)

ОВА Е НАЈОПАСНОТО ЕЗЕРО ВО СВЕТОТ: Се што доаѓа во допир со водата се претвора во камен (ФОТО)

Толку е посебно што ги привлекува фотографите и другите љубопитни луѓе кои сакаат да знаат зошто токму ова езеро се нарекува едно од најстрашните во светот, пишува Punkufer.

Одговорот е едноставен – иако езерото е природно, речиси се што доаѓа во допир со водата во него се претвора во камен.

Имено, при испарувањето на водата од ова солено езеро се таложат големи количини сол и други минерали, поради што езерото има многу висока алкалност.

Можеби мислите дека ова е ист случај како во Мртвото Море, на чија површина можете безгрижно да лебдите, но во овој случај не е така.

Кога истражувачите се осмелиле да ја измерат pH-вредноста, односно нивото на киселост или алкалност на водата, тие биле зачудени.

Резултатите би можеле да се споредат со pH-вредностите на амонијакот, така што веќе може да се претпостави дека водата не е погодна за капење, но не и за пиење, бидејќи е pH-вредност од 10,5.

За споредба, водата што ја пиеме има pH вредност која се движи од 7,3 до 7,5.

Затоа езерото Натрон се смета за еден од најопасните, но и еден од најекстремните феномени во природата.

И покрај тоа, во ова езеро може да се најдат некои живи организми.

Ова се првенствено ендемични алги, а изненадувачки факт е дека и некои видови риби живеат безгрижно во езерото.

Околу езерото кое е длабоко само 3 метри, долго 57 километри и широко 22 километри и со температура од 41 Целзиусов степен, безгрижно се шетаат и фламинго.

Таму не се случајно, но за повеќе од два милиони од нив, езерото е идеално и безбедно место за размножување, кое ги штити од несаканите предатори, но е и извор на храна.

Имено, езерото е богато со спирулина, алга со црвени пигменти со кои се хранат.

Многу птици се повредуваат бидејќи езерото е всушност голема оптичка илузија. Имено, создава кристално чист одраз, па се чини дека на местото на езерото нема ништо.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни