Свет

Дупка длабока 10 метри проголта возила на сред улица: Страшна сцена од Италија

Дупка длабока 10 метри проголта возила на сред улица: Страшна сцена од Италија

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобили среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупка.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни