Македонија

Пожарот кај Русиново се шири кон Безгашчево

Пожарот кај Русиново се шири кон Безгашчево

Попладнево пожарот кој избувна во месноста Губенек, атар на село Русиново, продолжува да се шири кон месноста Безгашчево.

Екипите на ТППЕ Берово и Национални шуми кои го гаснат пожарот напоменуваат дека ситуацијата е опасна поради ветерот кој го проширува обемот на опожарените предели.

Во пожарот претходно командирот на единицата Сашко Руменовски, информираше дека е зафатена површина со мешана шума и сува трева.

Гаснењето како што додадоа учесниците во акцијата продолжува да се контролира се до целосно локализирање на пожарот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни