Свет

За влакно избегната трагедија, падна капакот од моторот на авион при полетување

За влакно избегната трагедија, падна капакот од моторот на авион при полетување

Капакот на моторот на Боинг 737-800 на американската компанија „Саутвест ерлајнс“ паднал во неделата при полетување од аеродромот во Денвер и удрил во крилото, поради што Федералната управа за авијација (ФАА) на САД покрена истрага.

Никој не е повреден на летот 3695 Southwest, а авионот безбедно се вратил на аеродромот, објави Ројтерс.

Авионот требало да лета за Хјустон, а во него имало 135 патници и шест членови на екипажот.

Боингот се искачи на височина од 3.100 метри, а потоа се врати во Денвер 25 минути по полетувањето.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни