Иако водата се смета за најздрав и во исто време најдобар напиток за хидратација, научниците докажаа дека сепак постои напиток кој повеќе го хидрира организмот отколку водата.
Истражување од шкотскиот универзитет Св. Ендрјус, кој ги споредил реакциите на неколку различни пијалоци со хидратација, дошол до заклучок дека обичната и минералната вода се добар избор, но според новите сознанија, млекото е сепак подобро.
Според Роналд Моган, професор на медицинскиот факултет Сент Ендрјус и автор на студијата, еден од факторите е количината на одреден пијалок. Исто така, еден од факторите е нутритивниот состав на пијалокот.
Така, докажано е дека млекото хидрира повеќе од обичната вода бидејќи содржи лактоза, протеини и масти, а овој состав помага да се забави празнењето на течноста од желудникот. Покрај тоа, млекото содржи и натриум, што доведува до помало производство на урина, пишува CNN Health.
Истото може да се каже и за растворите за орална рехидратација што се користат за лекување на дијареа. Тие содржат мали количини шеќер, како и натриум и калиум, кои исто така можат да помогнат во задржувањето на водата во телото, пренесува City Magazine.