Здравје

Жителите на овој дел од светот јадат најдобро и живеат најдолго

Жителите на овој дел од светот јадат најдобро и живеат најдолго

Најздравото место во светот е во Азија. Според многу лекари специјализирани за долговечност, Окинава ја има најдобрата диета во Јапонија.

Окинавската диета има бројни здравствени придобивки, а доказ за тоа е фактот дека Јапонија има најниска стапка на дебелина и втор најдолг животен век, пренесува Индекс.

Окинава се вбројува во една од петте сини зони, што е име за места со најголема концентрација на стогодишници.

Окинавската диета се фокусира на риба, морска храна и тофу. Со оглед на тоа дека акцентот е ставен на свежата риба и соја, жителите консумираат малку заситени масти. Антиоксидансите од морските алги и слаткиот компир помагаат во регулирањето на шеќерот во крвта на жителите и придонесуваат за дигестивно здравје. Порциите се често мали, што значи дека Окинаванците имаат тенденција да консумираат помалку калории.

Во однос на превенцијата од рак и кардиоваскуларни болести, диетата во Окинава обезбедува повеќе од пет порции овошје и зеленчук дневно и вклучува повеќе риба здрава за срцето отколку месо.

Клучните намирници во Окинаванската диета се:

-Риба
-морска храна
-слатки компири
-алги
-горчлива диња
-соја и ориз.

Да споменеме и дека жителите на Окинава водат активен животен стил и редовно се изложени на сончева светлина, што може да придонесе за нивниот долг животен век.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни