Вулканот Руанг на индонезискиот остров Сулавеси повторно еруптираше во вторникот, по ерупцијата што принуди евакуација на стотици луѓе и затворање на аеродромот пред неколку дена.
Индонезискиот Центар за вулканологија и ублажување на геолошки опасности (ПВМБГ) прогласи највисоко ниво на тревога по утринската ерупција и ги повика луѓето да не се приближуваат до вулканот, се наведува на веб-страницата на Центарот.
PVMBG kembali menaikkan status Gunungapi Ruang menjadi level IV atau 'Awas' per hari ini, Selasa (30/4) pukul 01.30 WITA. Peningkatan status tersebut dilakukan setelah gunungapi itu kembali meletus dan mengeluarkan kolom erupsi mencapai 2.000 meter dari atas puncak. pic.twitter.com/hDpFSSHlYH
— BNPB Indonesia (@BNPB_Indonesia) April 30, 2024
Повеќе од 800 жители живеат на островот Руанг во провинцијата Северен Сулавеси, од кои повеќето беа евакуирани поради ерупцијата на почетокот на месецот. Засега не е познато колкумина биле евакуирани во вторникот, пренесува Ројтерс.
Снимките на социјалните мрежи во вторникот, кои Ројтерс не можеше веднаш да ги потврди како автентични, покажаа лава како тече по вулканот, кој се наоѓа на околу 100 километри од Манадо, главниот град на провинцијата Сулавеси.
Erupsi Gunung ruang tgl.30.4.2024 pic.twitter.com/tmblhm3wCk
— KLM (@SarjioS3) April 30, 2024
Сообраќајните власти привремено го затворија аеродромот во Манадо по ерупцијата на почетокот на овој месец. Камења и пепел кои бликаа од вулканот оштетија куќи, а поради опасност беше евакуирана и блиската болница.
Официјалните лица го намалија нивото на тревога на 3 минатата недела, но повторно го подигнаа на ниво 4 во вторникот.
Индонезија се наоѓа во таканаречениот „Пацифички огнен прстен“, област со висока сеизмичка активност, каде што се среќаваат неколку тектонски плочи.
Kondisi erupsi gunung api RUANG 🇮🇩 pagi ini pada saat erupsi terjadi, material padat dan piroklastik flow terjadi bersamaan. 30/04/2024. pic.twitter.com/T0Ep1wgPPo
— INFOMITIGASI (@infomitigasi) April 30, 2024