Македонија

Тошковски: во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

Тошковски: во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски откако денеска Министерството за правда соопшти дека е одобрена екстрадицијата од турските власти.

„Во текот на денешниот ден добивме информација од Секторот за меѓународна полициска соработка дека е одобрена екстрадицијата за предметното лице, со тоа што нашите полициски службеници се во комуникација со турските колеги и се очекува во наредниот период да утврдат се што е потребно од аспект предметното лице кое е прогон од страна на Обвинителството на РМ, да биде изнесено пред лицето на правда“, изјави Тошковски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни