Македонија

Турција го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Турција го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Оваа вест ја сподели министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот профил на „Фејсбук“, заблагодарувајќи се на оваа земја на ваквиот чекор.

Веќе се почнати постапките за ратификација и во некои земји. Се очекува до крајот на годинава да биде ратификуван од сите земји, со што земјата ќе стане полноправна членка на Алијансата.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни