Во тешка сообраќајна незгода која се случила попладнево во Ботун во близината на Охрид, едно лице го загуби животот, а едно е повредено.
Несреќата се случила кога се судриле Комбе „Форд Транзит“ со охридски регистарски таблички и автомобил „Цитроен Саксо“ со скопски регистарски таблички.
Поради несреќата извесно време сообраќајот беше во прекин.
Извор: Магазин.мк