Во една медитеранска земја луѓето живеат во просек 84 години, покажуваат најновите податоци на Евростат.
Во Шпанија луѓето живеат во просек 84 години, така што оваа медитеранска земја има најголем животен век меѓу 27-те земји на Европската унија.
Аналитичарите сметаат дека тоа се должи на медитеранската исхрана богата со овошје, зеленчук, риба и маслиново масло. И поради бројните сончеви денови и пријатната клима, благодарение на кои жителите поминуваат повеќе време на отворено, занимавајќи се со физички активности, пренесува Вијести.
„Во медитеранските земји, го цениме и социјалниот живот, па затоа излегуваме почесто од луѓето во нордиските земји, кои нè надминуваат во однос на БДП по глава на жител“, вели Мануел Ангвита, претседател на шпанската асоцијација на кардиолози.
На второ и трето место се Италија каде што луѓето живеат во просек 83,8 години и Малта со очекуван животен век од 83,6 години.
Просекот на Европската Унија е 81,5 години.
Во Хрватска, медитеранска и средноевропска земја, луѓето живеат под тој просек, односно 78,8 години.
Долната старосна граница е во Полска, Словачка, Литванија, Унгарија, Романија и Латвија, а на врвот е Бугарија, каде животот во просек трае 75,8 години.
Аналитичарите сметаат дека на повисоката старосна граница на Шпанците влијае и тоа што пијат помалку тешки алкохолни пијалоци, што имаат солидно јавно здравство, дека немаат војни со децении и дека нивната политика се стреми да го намали бројот на сообраќајни несреќи. .