Македонија

Градоначалникот на Гази Баба бара оставка од Данела Арсовска

Градоначалникот на Гази Баба бара оставка од Данела Арсовска

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски бара оставка од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Според него, време е Скопје да се врати на скопјани, а Данела Арсовска да поднесе оставка.

„Кредибилитетот и легитимитетот на секој вршител на јавна функција која се избира на непосредни избори извира и им припаѓа директно на граѓаните, без разлика дали се работи за претседател на држава, пратеник, градоначалник или советник..

Бројките велат дека во 2021 година, Данела Арсовска е избрана за градоначалник на градот Скопје со гласовите на 118.545 скопјани, а на вчерашните избори Данела Арсовска преку нејзината партија во општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Бутел, Чаир, Кисела Вода, Аеродром, Центар, Сарај и Шуто Оризари освои вкупно 2584 гласови.

По ваквиот резултат јасно е дека Данела Арсовска го загуби кредибилитетот да продолжи да го води градот Скопје.

Скопје му припаѓа на скопјани, а не на Данела Арсовска.

Скопјани вчера и порачаа на Арсовска дека е време да си замине!

Затоа ја повикувам Данела Арсовска да поднесе оставка од функцијата градоначалник на градот Скопје, бидејќи тоа е волјата на скопјани.

Време е Скопје да се врати на скопјани!“, вели Стефковски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни