Македонија

На овие избирачки места ќе има прегласување, еве зошто!

На овие избирачки места ќе има прегласување, еве зошто!

Државната изборна комисија ноќеска го поништи гласањето на четири избирачки места.

Станува збор за избирачки места 2102 во Желино, 1272 во Охрид и 1194 и 1202 во Крушево. Оваа одлука е по поднесени приговори од коалицијата Вреди и Коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Приговорот за во Желино е поднесен бидејќи 110 гласачи кои го оствариле избирачкото право немале отпечаток од прст во фингер принт уредот, туку тие гласале само по матичниот број и скенирање на личната карта.

Вчера, претседателот на ДИК Александар Даштевски истакна дека по извршеното пребројување за избирачкото место 1272 во Охрид, утврдено е дека записникот не е правилно пополнет, има и корекција во делот на гласачи внесени со рачен внес.

Во Крушево пак, приговорите за двете избирачки места се усвоени поради несовпаѓање на бројките од записникот со оние од уредот за биометриска идентификација.

За изборните резултати до ДИК беа поднесени 27 приговори – девет од Коалицијата Вреди, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица. Претседателот на ДИК Даштевски на седница на ДИК посочи дека станува збор за групни приговори со опфатени повеќе избирачки места.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни