Македонија

Љупчо Палевски Палчо за неколку часа ќе биде вратен во Македонија!

Љупчо Палевски Палчо за неколку часа ќе биде вратен во Македонија!

Порталот 24инфо.мк објави дека вечерва во Македонија ќе биде донесен Љупчо Палевски Палчо, првообвинет за убиството на малата Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Како што пишуваат, вечерва Палевски треба да слета на скопскиот аеродром по што директно ќе биде спроведен во Истражниот затвор Скопје попознат и како Шутка.

Палевски беше уапсен на 6 декември минатата година, откако првично избега во Србија па преку Бугарија се даде во бегство во Турција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни