Коалицијата Вреди денеска пристигна во Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ каде ќе се дискутира за формирање нова Влада.
Во изјава за медиумите, Азир Алиу истакна дека по средбата ќе има и соопштение од партиите.
„Ќе зборуваме за методологијата на работа и динамика на работа“, порача Алиу.
На прашање колку средби се очекуваат, Алиу вели дека ќе видат, и веќе следниот состанок ќе биде поконкретен околу ресорите.