Коалицијата „Вреди“ во разговорите со ВМРО-ДПМНЕ потенцирала дека бара создавање на правни можности за ослободување на лицата осудени во случаите „Алфа“ и „Монструм“, дознава ТВ21 од партиски извори.
Од другата страна пак ВМРО-ДПМНЕ побарало исто така создавање на правни можности за ослободување на лицата осудени во случајот „27-ми април“.
Претседателката Гордана Силјановска Давкова ослободувањето на лицата осудени за настаните од 27-ми април, го најави и во изборната кампања. Со таквата идеја не се согласуваше поранешниот претседател Стево Пендаровски.