Свет

Во хеликоптерска несреќа загина претседателот на Иран

Во хеликоптерска несреќа загина претседателот на Иран

Иранските агенции јавуваат дека местото на падот на хеликоптерот е пронајдено и дека нема преживеани, пренесува Си-Ен-Ен.

„Нема знаци на живот од хеликоптерот на претседателот Ебрахим Раиси“, јави државната телевизија, која подоцна објави дека сите во хеликоптерот биле потврдени мртви.

Ројтерс објави дека хеликоптерот целосно изгорел во падот, повикувајќи се на ирански официјален претставник.

„Во несреќата целосно изгоре хеликоптерот на претседателот Раиси… за жал, се стравува дека сите патници се мртви“, рече официјалниот претставник.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни