Свет

ВИДЕО Објавена е првата снимка од местото на падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател

ВИДЕО Објавена е првата снимка од местото на падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател

Иранските медиуми ја потврдија смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси (63) и министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан по хеликоптерската несреќа во иранската планинска провинција Источен Азербејџан.

На социјалните мрежи се шири видео од местото на хеликоптерската несреќа во која беше претседателот на Иран, Ебрахим Раиси.

Хеликоптерот се урна во планините во неделата во многу лоши временски услови. Потрагата траела со часови. Спасувачките екипи се пробиле низ непристапниот терен во снежната бура и ноќе и успеале да стигнат до остатоците од леталото во понеделникот во раните часови.

Малку подоцна, иранските медиуми ја потврдија смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси (63) и министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан по хеликоптерската несреќа во иранската планинска провинција Источен Азербејџан.

Следете се за текот на настаните во Иран ТУКА

Иранската државна новинска агенција ИРНА објави дека Раиси управувал со хеликоптер Бел 212 од американско производство.

Воениот аналитичар на Си-Ен-Ен, Седрик Лејтон, истакнува дека се работи за хеликоптер кој веројатно е во служба од 1960-тите.

https://x.com/FarsNews_Agency/status/1792394174815473958

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни