Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, загина во хеликоптерска несреќа, која се случи синоќа на северозападот на земјата, а спасувачките тимови само ги лоцираа остатоците и ги пронајдоа телата рано утринава.
Покрај Раиси, загинат е и шефот на иранската дипломатија и уште неколку лица, а нивните тела се идентификуваат.
Иранската државна телевизија објави снимка на која се гледа како спасувачките тимови носат тело покриено со ќебе на носилки, а сега објавија снимка на која се гледа како новинар од иранска државна агенција стои покрај урнатиот хеликоптер.
Додека е во тек вклучувањето, работите на патниците може да се видат расфрлани насекаде наоколу.
Државната новинска агенција ИРНА претходно објави дека покрај претседателот Раиси и министерот Амир-Абдолахиан, ајатолахот Мохамед Али Ал-е Хашем, имам за петочната молитва во градот Табриз и генералот Малек Рахмати, гувернер на иранската провинција Источен Азербејџан, биле во хеликоптерот.
گزارشی از محل سانحه بالگرد حامل رئیس جمهور pic.twitter.com/uF2wk6yiaN
— خبرگزاری ایرنا (@IRNA_1313) May 20, 2024
Загина и командантот на единицата за заштита на претседателот, Сардар Сејед Мехди Мусави, како и одреден број телохранители и екипаж на хеликоптер, кои сè уште не се именувани.