Првоосомничениот за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо попладнево е однесен пред судија на претходна постапка.
Тој при своето спроведување, на кое присуствуваа голем број полициски сили, прашан од новинарите дали ги сторил убиствата истакна „НЕ“, а потоа на прашање дали има докази, тој рече „Да“.
Како што вели, нема да се брани со молчење.