Претседателот на Државната Изборна Комисија (ДИК), Александар Даштевски вчера ги соопшти резултатите по прегласувањето на седум избирачки места.
Даштевски вели дека и Европскиот фронт и коалицијата Вреди освоиле по 8 мандати, што значи дека Вреди зема мандат од Европскиот фронт.
Во 5-та изборна единица пак резултатот останува ист.
Даштевски додаде дека течат роковите за жалба.