Македонија

Силјановска во Ватикан, нема да се сретне со Радев – еве зошто!

Силјановска во Ватикан, нема да се сретне со Радев – еве зошто!

Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова денеска е во работна посета на Ватикан, каде оствари средба со папата Франциско.

Во изјава за медиумите, таа порача дека средба со бугарскиот претседател Румен Радев нема да има.

Причината, како што порача, е бидејќи и двете делегации имаат агенда која ја следат.

„Изразивме спремност, но до средба нема да дојде. И двете делегации имаме агенда меѓутоа рековме дека час поскоро, во првиот можен момент ќе ја реализираме“, вели Силјановска Давкова.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни