Македонија

41-годишен скопјанец ветувал виза за странска земја, наплаќал по 1.000 евра од лице

41-годишен скопјанец ветувал виза за странска земја, наплаќал по 1.000 евра од лице

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во период од септември 2023 година досега, пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист, со лажно прикажување на факти дека ќе им обезбеди виза за странска земја измамил три лица и за тоа зел по 1.000 евра од лице.

Имено, пријавениот ги измамил лицата дека преку социјална мрежа од агенција ќе добијат термин за виза, но тоа не се случило.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни