Македонија

Вебер до ВМРО-ДПМНЕ: Почитувајте го Договорот од Преспа

Вебер до ВМРО-ДПМНЕ: Почитувајте го Договорот од Преспа

Шефот на Европската народна партија (ЕПП) Манфред Вебер, испрати порака до ВМРО-ДПМНЕ од која бара да го почитува Договорот од Преспа. ЕПП важи за сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ.

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба целосно да ги почитува одредби на обврзувачкиот Договор од Преспа и доследно да го користи името „Северна Македонија“. Почитувањето на меѓународните договори е основен предуслов за нас како ЕПП. Во спротивно Европа не може да функционира и ЕУ нема да го прифати ова, напиша Вебер.

Дел од Европската народна партија се и ВМРО-ДПМНЕ и грчката Нова демократија, а ова е прва реакција од ЕПП по изборите во земјава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни