Свет

Денеска беше погребан претседателот на Иран Ебрахим Раиси кој загина во хеликоптерска несреќа

Денеска беше погребан претседателот на Иран Ебрахим Раиси кој загина во хеликоптерска несреќа

Денес беше погребан претседателот на Иран Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа.

Тој беше погребан во светиот град Машхад во североисточниот дел на земјата, каде илјадници ожалостени ги исполнија улиците по повод погребот.

На погребната церемонија присуствуваа ирански политичари и воени лица, како и верски претставници. Цвеќиња беа фрлани од толпите ожалостени кон бавно движечкиот камион со ковчегот, пред да биде погребан во „Имам Реза“ – најголемото исламско светилиште во земјата. Раиси е роден токму во Машхад.

Претходно, илјадници граѓани оддадоа последна почит додека ковчегот се движеше во кортеж низ источниот град Бирџанд.

Осум патници и членови на екипажот загинаа кога во неделата хеликоптерот со кој се превезуваа се урна во планински терен близу границата со Азербејџан. Меѓу нив беше и министерот за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахиан, кој претходно денес, исто така беше погребан.

Дали страдате од проширени вени? Овој метод може да ви помогне

Иран прогласи петдневна жалост по смртта на Раиси.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни