Македонија

Направивме сериозен напредок во борбата против криминалот и корупцијата, вели Спасовски

Направивме сериозен напредок во борбата против криминалот и корупцијата, вели Спасовски

„Ако ги погледнете статистичките податоци, има сериозен напредок во борбата против криминалот и корпцијата и колку напреднавме. Ако погледнете меѓународни релевантни информации ќе видите што мислат“.

Ова го кажа ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ21.

Тој одговори и на обвинувањата на сегашниот технички министер Панче Тошковски кој кажа дека високи функционери чувале предмети по фиока.

„Јас ви тврдам дека чување на предмети не може да има, затоа што почеток на било каква постапка, таа почнува со јавување на јавен обвинител, и сите процесни дејствија кои се преземаат, се во консултација со Јавниот обвинител. Никој не може да држи предмети на никого за да не бидат процесуирани“, изјави Спасовски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни