Македонија

76-годишен маж загина откако се преврте со трактор

76-годишен маж загина откако се преврте со трактор

Вчера на локалниот пат с.Зрновци-с.Мородвис на коловозот се превртел трактор управуван од Е.А.(76) од Охрид кој од здобиените повреди починал.

На 23.05.2024 година во 13.29 часот во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат с.Зрновци–с.Мородвис, кочанско, на коловозот се превртел трактор управуван од Е.А.(76) од Охрид, а со престој во с.Мородвис. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кочани.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни