Македонија

Силјановска Давкова: Мислам дека после средбата со Папата ова е исто така нешто што ќе го обележи мојот живот

Силјановска Давкова: Мислам дека после средбата со Папата ова е исто така нешто што ќе го обележи мојот живот

Претседателката Гордана Силјановска Давкова по молебенот во чест на Свети Кирил, во базиликата „Свети Климент“ во Рим, каде се наоѓа и гробот на сесловенскиот просветител вели „дека после средбата со Папата ова е исто така нешто што ќе го обележи нејзиниот живот“.

-Да го продолжиме неговото дело. Не се поклонив само јас општ впечаток е дека се поклонија многу луѓе, посебна убавина на настанов му даде присуството на нашите луѓе од Италија, па дури и од Австрија тоа не се случило ми рекоа амбасадорите со другите делегации. Која е пораката дека Кирил бил со векови пред времето, дека Кирил го вградил не само својот живот туку и нашиот живот на некој начин во Европа пред многу многу долги пред векови. Тоа мораме да го почитуваме. На Кирил му било јасно значењето на зборот, на речта, на мислата оти тоа значело обединување, разбирање слушање, говорење. Мислам дека после средбата со Папата ова е исто така нешто што ќе го обележи мојот живот. Таму видов табли на сите словенски народи, почит кон него. Значи еве уште една инспирација дека Кирил порачал дека јазикот е код за разбирање дека треба да се разбираме, да се обидеме да се слушаме, да се помагаме, кога вака доаѓаме едни по други има ли поголем доказ дека тој на ум имал обединување, вели претседателката Силјановска Давкова во изјава за медиумите после Молебенот во Рим.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни