Стојанче Ангелов во DailyClick на ТВ21 ги коментираше најавите дека во новата коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ ќе има и ослободување на осудените од 27 Април, и случаите Монструм и Алфа.
„За 27 април имаме луѓе кои треба да одговараат за обично насилство, но не за тероризам. Во 2018 повикав да се отвори шриока дебата. Тие луѓе се се, само не терористи. Ако ние како држава ги амнестиравме кои убиваа македонски бранители, зошто не би ги ослобиле оние кои влечеле за коси или удриле бокс на пратеник. Не ги оправдувам, треба да одговараат, но не за тероризам“, изјави Ангелов.