Свет

Ројтерс: Путин подготвен да ја прекине војната во Украина, ова се условите!

Ројтерс: Путин подготвен да ја прекине војната во Украина, ова се условите!

Три лица, запознаени со разговорите во кругот на Владимир Путин, за „Ројтерс“ рекле дека рускиот претседател бил фрустриран на мала група советници, поради, како што смета, обидите на Западот да ги попречат разговорите и одлуката на украинскиот претседател Зеленски да ги одбие преговорите.

„Путин може да се бори онолку долго колку што е потребно, но Путин е исто така подготвен за прекин на огнот – да ја замрзне војната“, рече вториот извор, висок функционер кој соработувал со Путин и има познавање на разговорите на највисоко ниво во Кремљ.

Тој, како и другите кои разговараа за Ројтерс, побара анонимност. Ројтерс разговараше со вкупно пет луѓе кои работат или работеле со Путин на високо ниво, во политичкиот и деловниот свет.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, како одговор на барањето на Ројтерс за коментар, рече дека шефот на Кремљ повеќепати јасно ставил до знаење дека Русија е отворена за дијалог за да ги постигне своите цели, додавајќи дека земјата не сака вечна војна.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни