Денес попладне и во вечерните часови, особено во западните делови од земјава ќе има пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме.
Претпладне сончево и топло со променлива облачност која ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност од попладне со услови за нестабилност, пороен дожд и грмежи. Повремени врнежи ќе има и преку ноќта.