Свет

Вујкото ја силувал и ја убил малата Марија: Фатен кога се вратил на местото на злосторството

Вујкото ја силувал и ја убил малата Марија: Фатен кога се вратил на местото на злосторството

Уапсен е вујкото на осумгодишното девојче Марија од Ботошана чие безживотно тело беше пронајдено во грмушките во атар на селото Јајаи, Романија.

Девојчето синоќа околу 20 часот излегло од дома и тргнало кај нејзиниот вујко, но не се вратило, поради што нејзините загрижени родители на крајот ја алармирале полицијата.

Следуваше опсежна потрага по детето до длабоко во ноќта, а за жал, некаде пред зори пристигна страшна вест – девојчето е пронајдено полуголо и мртво во грмушките.

Се сомневаат дека вујкото (32) го силувал и го убил девојчето, по што побегнал од дома.

Тој бил фатен кога се вратил на местото на злосторството.

„Првите резултати од истрагата не доведоа до осомничениот. Тој е маж (32), сопственик на куќата во која родителите синоќа го испратиле девојчето. Тој е близок роднина на семејството“, изјави портпаролката на МУП, Делија Нениску.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни