Свет

Субјективно подобрена состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо

Субјективно подобрена состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо

Лекарскиот тим кој се грижи за словачкиот премиер Роберт Фицо по минатонеделниот атентат денес потврди дека неговата состојба е субјективно подобрена, соопшти прес-службата на словачката влада.

Фицо се лекува во болницата Рузвелт во Банска Бистрица, јави ТАСР.

Фицо минатата среда беше застрелан од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни