Свет

(ВИДЕО/ФОТО) Први снимки од авионската несреќа кај Загреб: Телото на загинатиот е заробено под урнатините, повредените се изнесуваат со хеликоптер

(ВИДЕО/ФОТО) Први снимки од авионската несреќа кај Загреб: Телото на загинатиот е заробено под урнатините, повредените се изнесуваат со хеликоптер

Попладнево се урна авион кај Загреб во Јеждовец. Авионот се урнал недалеку од пистата веднаш по полетувањето.

Пожарникарите успеале да го лоцираат местото каде се урнал авионот, Цивилната заштита потврди дека едно лице загинало, а според нивната најава, во летот имало пет патници.

Според хрватските медиуми, едно тело е пронајдено под урнатините на авионот, тројца се повредени, а по едно лице наводно сè уште се трага.

-Денес, 25.05.2024 година, во 16:13 часот, од ОЦЦЗ добивме дојава за можен пад на помал авион во месноста Лучко. Екипите на ХГСС од станиците Загреб, Самобор и Карловац се веднаш испратени на терен и во моментов се на терен со другите оперативни сили на пожарникарите, полицијата и УХМР – соопштија од Хрватската планинска спасувачка служба.

Повредените се изнесуваат со хеликоптер.

Со соопштение се огласи и хрватската полиција во кое се вели:

-Денес, 25 мај 2024 г. во 15 часот и 51 минути е добиена дојава за пад на мал спортски авион во шумата јужно од Керестинац. Полициски службеници излегле на терен и ја потврдиле точноста на пријавата, се пружа помош на повредените, местото на настанот е обезбедено – наведуваат од МУП.

Во интервенцијата покрај ЈВП Загреб се вклучени и ДВД Ступник и Хитна повиќ. На терен излегоа и станиците HGSS Загреб и Самобор.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни