Неколку денови еден од најпрометните булевари во Скопје, Кочо Рацин е без осветлување, пишува ТВ21.
Булеварот кој се наоѓа во центарот на градот е меѓу најфрекфрентните преку ден, но и во ноќта. Има неколку пешачки премини за кои нема дополнителна сигнализација, па вака без осветлување на булеварот пешаците речиси и да не се гледаат.
Граѓани реагираат и по друштвените мрежи дека булеварот е неосветлен и дека претставува опасност за пешаците.
