Македонија

Последната објава на пејачот Амар Исмани што вчера беше убиен расплака многумина

Последната објава на пејачот Амар Исмани што вчера беше убиен расплака многумина

Младиот пејач Амар Исмани од Скопје кој беше убиен вчера на Пластичарската улица беше поприлично популарен во Македонија, а само на Инстаграм има преку 300.000 фанови. Тажната вест ја потврдија од неговото семејство, а покрај загинатиот 29-годишен пејач повредени сè уште две лица.

Последното стори на Инстаграм на загинатото момче

Од неговите објави на социјалните мрежи може да се види дека покрај музиката Амар сакал и да патува низ светот, но и дека бил вљубен во својата девојка. Имено, фотографијата на која позира покрај девојката со свршенички прстен посебно привлекува внимание, но сега и ги растажува неговите пријатели и бројни фанови.

Тој се сврши со својата сакана пред месец дена, кога и се огласи на Инстаграм последен пат.

„Сè што ми треба во овој живот сум јас и мојата девојка. Заедно да јаваме до проклетиот крај, само јас и мојата девојка“, напиша тогаш младиот пејач под заедничките фотографии на кои се гледа и прстенот.

Потсетуваме, пукањето во кое загина ова младо лице се случи вчера пред полноќ, на Пластичарска во Скопје.

Инцидентот започна со кавга која прерасна во тепачка за да заврши во пресметка со огнено оружје во која загина Амар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни