Вечерва ќе се одржи седница на Централниот одбор, Либерално-демократската партија ја известува јавноста. Како одговорна партија, ЛДП, веднаш по конечното завршување на парламентарните избори ќе го разгледува предлог извештајот за подготовките, настапот и резултатите на Либерално-демкратската партија за претседателските и за парламентарните избори 2024 година.
Анализата за натамошното дејствување ќе ја прават членовите и партиското раководство во сите општински организации во наредниот период.
За извештајот, анализата и сите одлуки, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана.