Македонија

Откриен мотивот за грабнувањето на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Откриен мотивот за грабнувањето на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Обвинителството го откри мотивот за страшното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Според нив, обвинетите заедно со уште едно осомничено лице за кое истрагата за исти кривични дела е во тек, испланирале грабнување на 14-годишното дете Вања Ѓорчевска со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

За ова им помогнал и нејзиниот татко, кој им кажал кога ќе биде сама.

Претходно, на 22.11.2023, тие извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило “Цитроен” за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

„Обвинетите отишле до куќата на оштетениот, физички го совладале и го врзале, а потоа го ставиле во багажникот и се упатиле до местото викано “Рудник” во околината на Велес, каде од користољубие и на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот со огнено оружје – пиштол со калибар 9 милиметри“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни