Најмалку три лица загинаа во престрелка во главниот град на американската сојузна држава Минесота, Минеаполис, меѓу кои еден полицаец и еден осомничен за нападот, а уште три лица се ранети, соопштија градските власти.
Властите соопштија дека три лица, меѓу кои еден полицаец и еден пожарникар, се ранети во пукотницата во четвртокот, објави Ројтерс.
Дневниот весник Star-Tribune од Минеаполис објави дека 28-годишен полицаец е убиен, а друг е во критична состојба по размена на пукотници со осомничениот.