Премиерот на Словачка Роберт Фицо вечерва е пуштен од болница и моментално е дома во Братислава, соопштија од болницата од Банска Бистрица каде Фицо е хоспитализиран по неуспешниот обид за атентат врз него.
„Премиерот моментално е на домашна нега“, објавија од Словачка Актуалити, болницата која во последните неколку дена редовно известува за здравствената состојба на премиерот.
Директорот на болницата рече дека Фицо е дисциплиниран пациент.