Четири лица се ранети денес во престрелка во Хаген, во западна Германија, а осомничениот сторител е во бегство, соопшти локалната полиција, додавајќи дека не ја исклучува можноста за политичка заднина на нападот.
Меѓу повредените, тројца се застрелани со огнено оружје, меѓу кои и една жена чиј живот е во опасност, изјави неименуван портпарол на полицијата во Дортмунд во провинцијата Северна Рајна-Вестфалија.
Според него, мотивот за тој чин би можел да биде поврзан со семејна расправија, а засега не е исклучен политички или верски контекст.
Сите повредени се пренесени во болница додека полицијата трага по осомничениот сторител, а со помош на хеликоптер кој го прелетал градот.
Пукањето одекнало на улица во Хаген, како и во блискиот фризерски салон.
Полицијата на платформата Икс (Х) ги повика локалните жители да го избегнуваат тој дел од Хаген.
Инцидентот се случи еден ден по нападот со нож во центарот на Манхајм, на југозападот на Германија, во кој беа повредени неколку лица.
Наводниот напаѓач, 25-годишен Авганистанец, ги нападнал учесниците на собирот против исламското движење, при што повредил шест лица, меѓу кои и еден полицаец.
+++ Fotoupdate +++
📍Hagen, Eilpe #Hagen #Polizei #Einsatz pic.twitter.com/ssikXbiIXP— BlaulichtRheinlandNRW (@nrw_blaulicht) June 1, 2024