Шпанските власти ги казнија нискобуџетните авиокомпании, вклучувајќи ги EasyJet и Ryanair, со казни од вкупно 150 милиони евра поради политиките кои вклучуваат дополнителни трошоци за кабински багаж.
Во најголемата санкција издадена од Министерството за социјални права и потрошувачки прашања на шпанската влада, авиокомпаниите EasyJet, Ryanair, Vueling и Volotea беа казнети по истрагата започната минатото лето. Според пресудата, на горенаведените компании им се заканува забрана за наплата на патниците за кабински багаж во иднина.
Шпанската новинска агенција „Кадена СЕР“ објави дека казните изнесуваат вкупно 150 милиони евра, а компаниите се осудени и затоа што на патниците им наплатувале дополнителни такси за резервирање соседни седишта за деца и други членови на семејството.
Здружението на шпански авиокомпании (АЛА) изјави дека казните се „несразмерни“ и посочи дека авиокомпаниите сепак можат да се жалат.
Извори од Министерството за „Гардијан“ изјавија дека Генералниот директорат за потрошувачки прашања отвори истрага во јуни минатата година по поплаките од организациите на потрошувачи за „злоупотреба“ од страна на авиокомпаниите.
Истрагата се фокусираше на четири области, кои вклучуваа дополнителни трошоци за кабински багаж и избор на седишта. Истрагата на владата, исто така, се занимаваше со недоволната транспарентност на превозникот во однос на конечната цена на услугите при онлајн резервации и одлуката да се блокираат плаќањата во готовина на аеродромот за дополнителни услуги.
Според извори на Гардијан, конечните предлози за санкции им биле претставени на компаниите пред неколку недели. Од Министерството не сакаа да ги потврдат финансиските износи кои се барани од секоја компанија поединечно.
Кадена СЕР објави дека министерството го осуди Рајанер затоа што на патниците им наплаќал 20 евра за печатење хартиени билети, нарекувајќи го тоа непропорционален трошок.