Железничкиот сообраќај меѓу Берлин и Минхен, како и меѓу Штутгарт и Франкфурт е во прекин поради поплавите што ја погодија Германија, објави Дојче бан.
Компанијата ги повика граѓаните да ги одложат сите патувања кои не се неопходни, пренесува Тагешау.
Во југозападниот кварт на Шварцвалд-Бар се активирани неколку одрони, а во градот Милхаузен неколку луѓе се спасени од водата чија висина достигнала 1,8 метри.