Македонија

Пропадна седмиот обид за избор на претседател на Уставниот суд, Павловска Данева ја повлече кандидатурата

Пропадна седмиот обид за избор на претседател на Уставниот суд, Павловска Данева ја повлече кандидатурата
Денес Судијката Ана Павловска Данева на продолжението на седницата на Уставниот суд на која треба да се избере новиот претседател на судот, ја повлекла својата кандидатура, потврдуваат од Уставениот суд. Нејзината противкандидатка Татјана Васиќ Бозаџиева, не го добила потребното мнозинство. Ќе следува нов круг гласања, со други кандидати од редот на судиите во Уставен. Ова беше седмиот обид на членовите на Уставниот суд, откако пропаднаа шестте претходни во четвртокот и петокот, да изберат нов претседател на Судот. Новиот претседател на Уставен треба да ја замени досегашната претседателка Добрила Кацарска, чиј тригодишен мандат истече во неделата, на 2 јуни. Според Деловникот, Уставниот суд на седница избира претседател на Судот од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање. Ако кандидатот не го добие потребното мнозинство гласови, постапката за избор на претседател се повторува. Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, без право на реизбор
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни