Македонија

МЗШВ до изборот на нов министер ќе го раководи заменик министерката Вјолца Бериша

МЗШВ до изборот на нов министер ќе го раководи заменик министерката Вјолца Бериша

Од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска соопштија дека со верификацијата на пратеничкиот мандат на 28.05.2024 година на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заврши извршувањето на функцијата министер.

Со министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се додава, до избор на нов министер, со министерството ќе раководи заменик министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство Вјолца Бериша.

– Во овој период, согласно овластувањето од 27.05.2024 година, заменик министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство Вјолца Бериша, во целост може да ги извршува тековните активности за непречена работа на министерството, а веќе извршена е и измена и во Централниот регистар, се појаснува во соопштението од МЗШВ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни