Македонија

„На невидено поддршка или неподдршка, не може да биде дадена, треба да ги видиме законите“, вели Спасовски

„На невидено поддршка или неподдршка, не може да биде дадена, треба да ги видиме законите“, вели Спасовски

Денес Оливер Спасовски, пратеникот на СДСМ, во изјава за медиумите во Собранието за законските измени за реорганизација на министерствата, истакна дека на невидено поддршка или неподдршка не може да биде дадена.

-Во однос на тоа дали ќе дадеме поддршка по однос на законите за како што тие ја нарекуваат реформа на администрацијата, треба тие закони прво официјално да дојдат во Собрание. На невидено поддршка или неподдршка, не може да биде дадена. Треба да ги видиме законите. Што е тоа што пишува во нив, кој е официјалниот текст и на основа на тоа ќе донесемне заклучок, одлука, и на ниво на партија и на пратеничка група дали ќе бидат поддржани овие закони, рече Спасовски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни