Македонија

Во Скопје 114 санкционирани возачи

Во Скопје 114 санкционирани возачи

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден во контролите во областа на сообраќајот на територија на град Скопје има изречено вкупно 114 мерки, соопштија денеска од МВР.

Од казнетите возачи без возачка дозвола биле 13, седум мерки се изречени за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, шест санкции за користење мобилен телефон при возење.

– Изречени се четири мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за непрописно престројување при возење… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, стои во соопштението од МВР.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни