Денеска се очекуваат првите кандидатури за претседател на СДСМ.
Според информациите, кандидатури ќе поднесат поранешниот министер за здравство и пратеник Венко Филипче и поранешната министерка за одбрана и пратеничка Славјанка Петровска.
Кандидатура ќе поднесе и актуелниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски, кој пред медиумите ќе ја претстави својата програма.
„Нов почеток, нов СДСМ е програмата со која ја барам поддршката за претседател на СДСМ. Во фокусот на оваа програма се луѓето. Оваа програма обединува, а не фаворизира, и во која ќе има место за сите предлози и идеи на луѓето кои искрено ќе се вложат новиот СДСМ да го изгради интегритетот и стекне местото што го заслужува“, стои во поканата за прес-конференцијата на Деспотовски.