Екс министерот за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче денеска ја поднесува кандидатурата за лидер на СДСМ.
Тој во изјава за медиумите порача дека со кандидатурата, поднесува и програма.
„Овој ден означува почеток на реформа и на промена во партијата. Во програмата се напишани постулатите според кои, доколку бидам избран за претседател, ќе работам а тоа е посветено, професионално, со целата моја енергија и знаење. Програмата се темели на информации, сугести и барања кои што ги слушнав од големиот број на наши членови со кои имав чести средби во изминатите месеци“, вели Филипче.