Македонија

ВМРО-ДПМНЕ со демант за веста дека е повлечен законот за реорганизација на Владата

ВМРО-ДПМНЕ со демант за веста дека е повлечен законот за реорганизација на Владата

Веста објавена на неколку електронски медиуми со наслов: „Мицкоски го повлече законот за реорганизација на Владата“ е неточна и истата во целост ја демантираме, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Законот е повлечен за исправање на номотехничка грешка, по корегирање на истата законот беше веднаш поднесен и истиот денес ќе се најде на седница на Собранието.

Потенцираме дека не станува збор за никакво повлекување на законот, туку за негова номотехничка корекција која е во насока на подобрување на предлог законското решение“, стои во демантот на ВМРО-ДПМНЕ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни